ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА
ЗДЕЛКА СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА
Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва, Македонски Телеком АД – Скопје (во
понатамошниот текст: “Македонски Телеком” или “Друштвото”) известува дека на ден 20.08. 2018 година
е склучен Договор за услуги за меѓународен IP Peering и глобален транзит со Маѓар Телеком, како зделка
со заинтересирана страна со оглед дека Маѓар Телеком е единствен акционер на Каменимост
Комуникации АД, акционер кој поседува 56,67% акции со право на глас (издадени акции) во Македонски
Телеком.
Со Одлука на Одборот на директори на Македонски Телеком донесена на редовниот состанок на 13
март 2018 година одобрено е склучување на договор за услуги за меѓународен IP Peering и глобален
транзит со Маѓар Телеком, како зделка со заинтересирана страна, со цел да им овозможи меѓународно
IP поврзување на сите свои корисници на широкопојасен интернет.
Вредноста на договор е 600.000 евра, а неговата реализација и соодветните исплати од страна на
Македонски Телеком кон Маѓар Телеком ќе се вршат до 1јули 2020 година.