На Редовното Годишно Изборно Собрание на Македонско – Бугарската Стопанска Комора (МБСК), кое се одржа денес во Хотел Парк Резиденс, беше избран нов Претседател на Коморатаг-дин Кирил Лазаров (Основач и Сопственик на “НИКОБ“ – Национална Агенција за обезбедување на лица и имот), кој ќе ја предводи Комората во следните две години во својот прв мандат.  Како дел од своето обраќање во рамки на Собранието, Лазаров ја потенцираше потребата за континуиран стратешки развој на Комората, со цел нејзино посилно етаблирање како фактор во развојот на економските релации помеѓу двете држави

 

.

Како цел на мојата работа, инспириран од основното мото “Бизнис без граници“, напредокот на Комората  го гледам токму во континуитетот и продлабочувањето на односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, на сите можни полиња. Потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија за нас бизнисмените претставува дополнителен мотив за развој и подобрување на бизнис климата помеѓу двете држави, а воедно и темел за понатамошниот стратешки развој на Македонско – Бугарската Стопанска Комора. Искрено верувам дека со посветена работа, истрајност и ангажман, Македонско – Бугарската Стопанска Комора ќе расте и ќе се развива во посакуваниот правец: столб и еден од главните чинители на процесите околу подигнувањето на соработката помеѓу двете Држави, од секаков аспект.“ – изјави г-дин Кирил Лазаров, Претседател на Македонско – Бугарска Стопанска Комора.

 

На овогодинешното Собрание на МБСК присуствуваа и Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев, Заменик-Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економски ресори, г-дин Кочо Анѓушев, Министерот без ресорс задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, г-дин Зоран Шапуриќ, како и Амбасадорите Н.Е. Иван Петков и Н.Е. Марјан Ѓорчев.

Како дел од редовните активности во рамки на Редовното Годишно Изборно Собрание, беа разгледани досегашните реализирани активности на Македонско – Бугарската Комора, беше утврдена Програмата за работа на Комората за период од една година и беа избрани Членови на Управниот и Надзорниот Одбор на МБСК.

Во рамки на Собранието, новиот Претседател на Комората, г-дин Кирил Лазаров, му додели Признание за Почесен Претседател на г-дин Зоре Темелковски за особениот личен придонес и залагање за Комората.