Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2024 година, физичките лица должат 265 милијарди 461 милиони денари или околу 4,32 милијарди евра на македонските банки.
Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 133 милијарди 210 милиони денари или 2,17 милијарди евра.
Потоа следуваат станбените кредити со износ од 93,7 милијарди денари или околу 1,52 милијарди евра.
На кредитните картички граѓаните се задолжиле 18,9 милијарди денари , а на трансакциските сметки 14,54 милијарди денари.
За реновирање на деловен простор должат 1,07 милијарди денари.
Износот на автомобилските кредити е 424 милиони денари.
За кредити по други основи граѓаните должат 3,62 милијарди денари.