Согласно последната анкета која веб сервисот БанкоМетар.мк ја спроведе со своите читатели во месец Април 2019 година, можеме да заклучиме дека македонските граѓани генерално се задоволни со професионализмот и општиот однос на банкарските службеници во нашата земја.
Резултатите на анкетата се следните :
- Генерално задоволни клиенти кои гласале со ДА : 61 %
- Генерално незадоволни клиенти кои гласале со НЕ : 34 %
- Граѓани кои не користат банкатски услуги а гласале на анкетата : 5 %
Согласно резултатите, сметаме дека овој процент на задоволни клиенти е сосема добар, што не значи дека не може да се подобрува во иднина. Исто така ги поздравуваме и охрабруваме банкарските службеници за што поголема професионалност, човечки однос и фер третман на своите клиенти, бидејќи сепак, тие се Вашата плата.
Наум Димитровски