Македонските граѓани одат на печалба и во Косово. Околу 211 македонски државјани работат таму.
Косовскиот Институт за напредни студии – ГАП објави дека минатата година се издадени вкупно 3.646 работни дозволи за странски државјани, што е за 667, или 22,4 отсто повеќе во однос на претходната година.
Оваа земја лани издала повеќе од 3.600 работни дозволи за странски државјани, од кои 211 за државјани на Северна Македонија, јавува МИА.
Според земјите на потекло на граѓаните кои добиле работни дозволи во Косово во текот на изминатата година, први се државјаните на Турција, од каде што дошле 1.004 државјани, и Бангладеш, чии 722 државјани добиле работна дозвола.
Потоа следат 465 српски државјани и 440 од Албанија, а помал број се регистрирани од САД (144), од Филипините (70), од Германија (61), од Црна Гора (43) и од Италија (36). Македонци работат во повеќе земји од регионот.