Македонските винарии учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа – „Vinitaly 2022“ кој оваа година се одржуваше од 10 до 13 април во Верона, Италија. На саемот беа преставени вина од 4.500 винарии, пред 20.000 професионална винска публика од светот.

Во рамки на саемот се одржала и посебна мастерклас дегустација на македонските вина од сортата „вранец“ и преку стручна презентација биле презентирани посебните карактеристики на оваа сорта која е најзначајна во земјава.

– Со учеството на ваков тип на интернационални саеми се гради имиџот и препознатливоста на Северна Македонија како винска земја во светски рамки и се остваруваат контакти со диструбутери и купувачи со цел зголемување на продажбата, велат од „Вина од Македонија“.

Учеството на саемот беше финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2022 година.