Македонско-бугарската стопанска комора денеска ќе го одржи Годишното изборно собрание на кое треба да се конституираат работните тела и да се назначи нов претседател.
Единствен предлог на членовите на Управниот одбор е Кирил Лазаров, сопственик и управител на НИКОБ обезбедување.
Како што најавува Комората, на Собранието, покрај сегашниот претседател Зоре Темелковски, ќе се обрати и вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Македонско-бугарската стопанска комора е формирана во 2011 година со цел унапредување на економските релации меѓу компаниите во двете земји.