Што е Македонско кредитно биро и целта на функционирањето?

Македонско кредитно биро е првото приватно кредитно биро во Република Македонија. Основано е на 24.12.2008 година како акционерско друштво од страна на Клириншката куќа КИБС АД Скопје, во име на банките.

Неговата основна функција е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите и други податоци определени со Законот за кредитно биро со цел да обезбеди извештаи за субјектот на податоците. Во Македонско кредитно биро се доставуваат податоци за лица кои се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

Погоренаведениот текст е извадок од традиционалното објавување на флоскули кои често се статични и не ја гледаат пошироката слика.

Но, бидејќи БанкоМетар.мк секогаш оди чекор пред конкуренцијата, ние им го честитаме роденденот на МКБ и им посакуваме уште многу јубилеи да слават, но во исто време имаме и неколку прашања кои се надеваме ќе допрат до пошироката заедница.

Имено, за тие што не се во тек, Македонското Кредитно Биро има законски даден монопол врз дејноста. Тоа е парадокс од невиден размер, ако се знае дека во западните економии има десеттици кредитни бироа во една држава кои меѓусебно се натпреваруваат во што поквалитетна понуда за што пониски цени.

Имено, проверката за кредитната историја за физичко лице во Македонското Кредитно Биро чини минимум 150 денари, што е блиску 3 долари. Проверката за истата материја кај компании е над 5 долари. Самиот приклучок на правно лице за користење на услугите од регистарот чини над 120 долари месечно. Овие цени се прилично високи, особено во констелација со квалитетот кој се испорачува, имајќи во предвид дека доколку постои конкуренција во овој сектор – овие проверки во секој случај би биле многу пониски а испорачаната датотека- многу побогата. Исто така, понудата на податоци е прилично ограничена и генерално зависи од податоците кои финансиските субјекти ќе ги достават и апдејтираат. Често е случувано, големи банки или финансиски друштва и телефонски оператори да немаат апдејтирано податоци со месеци.

Затоа, најтранспарентно, добро би било да се разгледа опцијата за демонополизација на овој сектор, во правец на подобрување на услугите и намалување на цените за услугите со што многу субјекти во државава би имале директен бенефит.

И самите играчи ( банките ) кои го овозможиле овој монопол би профитирале врз основа на поквалитетни и поажурни податоци кои би ги добивале од конкурентни бироа. Самиот овој дел на финансиската индустрија е толку напреднат во последните години што добивањето на покомплетни и побогати извештаи, директно одразувајќи го кредитниот скор на клиентот во софистициран манир, би им заштедило многу ресурси, време како и повисок квалитет во одлуките на барателите на овие услови.

Нашето прашање би го финализирале со мислата :

 

Наум Димитровски