Амбасадата на Република Словенија во Скопје заедно со Стопанската комора на Словенија и Министерството за надворешни работи на Република Словенија, во соработка со Стопанската комора на Македонија, организираат Македонско-словенечки бизнис форум и деловни средби, во насока на унапредување и интензивирање на меѓусебната економска соработка. Бизнис делегацијата е предводена од страна на претседателот на владата на Република Словенија, Н.Е. Миро Церар. Kако домаќин на настанот свое учество и обраќање ќе има претседателот на владата на Република Македонија, Н.Е. Зоран Заев.
На настанот ќе присуствуваат еминентни словенечки компании со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни деловни средби. Компаниите се од различни области и тоа:
• прехранбена индустрија – трговија на големо и на мало;
• ИТ-сектор:
o енергетика;
o „cyber security“;
• дигитални системи во делот на телекомуникацијата, транспортот и енергетиката;
• фармацевтска индустрија;
• осигурување;
• електроиндустрија;
• едукација;
• инженерство и др.
Македонско-словенечкиот бизнис форум и деловните средби ќе се одржат на 4 април 2018 година (денес ), со почеток во 9:30 часот, во сала 4 на 5-ти кат во Стопанската комора на Македонија.
.