Според информациите новиот сопственик е Монтенегрин-Инн од Охрид.
Акционерското друштво Макотекс на официјалната страна на Македонска берза објави дека е извршена продажба на хотелот кој се наоѓа во населбата Лагадин, а новиот сопственик е Монтенегрин-Инн од Охрид.
Според договорот, купопродажната цена изнесува 609.000,00 евра, во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на плаќањето, со вклучен данок на додадена вредност, при што данокот на промет со недвижности го плаќа купувачот.
Сметководствената вредност на недвижниот имот на ден 31.12.2018 година (период на последни ревидирани финансиски извештаи), претставува 12,2261% од вкупните средства (книговодствената вредност на имотот) на друштвото.