МАКПЕТРОЛ АД Скопје, согласно Одлуката за исплата на дивиденда по Годишна сметка на Друштвото за 2017 година бр. 0202-27/2-3, донесена на 21 седница на Собрание на Акционери на Макпетрол АД Скопје, објави преку Македонската берза дека на 16.07.2018 извршена е исплата на дивиденда во бруто износ од 108.000.000 денари, односно 1.000,00 денари бруто по акција.