Мал е интересот за приклучување на домаќинствата на гасоводната мрежа во Струмица. Општината оваа година доделува и субвенции од околу 800 евра и 10 денари за потрошен кубен метар но заради стравот од зголемување на цените на природниот гас струмичани тактизираат…
Струмица повеќе од десет години има гасификација. Речиси една половина од градот е покриен со дистрибутивна гасоводна мрежа. Гасоводни краци пуштени и до индустриските зони во периферијата на градот, но само 420 домаќинства, фирми и институции се приклучени на мрежата.
Општина Струмица со години доделува субвенции што за приклучок што за потрошен кубен метар. Се обидува да ги мотивира домаќинствата да се греат на гас со оглед дека Струмица е еден од најзагадените градови. Годинава доделува и до 47 илјади денари субвенции.
На гасоводната мрежа приклучени се сите локални јавни институции, училишта, градинки. Од државните на гас се грее само болницата, останатите се на мазут, нафта или струја.