Куала Лумпур ( Ројтерс ) – Малезија денес објави дека ќе го оживее мултимилијардниот проект за имот кој ќе биде изграден од корпорации поврзани со Кина, скоро две години откако беше откажан овој проект под разни притисоци.
Проектот “Бандар Малезија” ќе продолжи со првичните изведувачи – заедничко вложување меѓу малезиската фирма “Iskandar Waterfront Holdings ” и “China Railway Engieering Corp” (КРЕК) – но според новиот план за развој, рече премиерот Махатир Мохамад.