Министерот за финансии, Синиша Мали изјави дека според досегашните податоци за оваа година, Србија е на прво место според растот на бруто домашниот производ (БДП) во Европа.
„Во првиот квартал имавме стапка на раст од 4,7 отсто, во вториот квартал 4,2 отсто. Значи, во просек, за првата половина од годината 4,5 отсто раст од БДП, што значи дека сме први во Европа. Како што ќе доаѓаат другите податоци, мислам дека ќе бидеме барем меѓу првите две или три земји“, изјави Мали за РТС.
Тој додаде дека Србија привлекува странски директни инвестиции и затоа е апсолутен рекордер во регионот. Министерот изјави дека, гледајќи ја швајцарската формула, во наредниот период може да се очекува двоцифрено зголемување на пензиите и дека ќе види дали тој зголемен износ може да се плати пред крајот на годината.
Тој најави и зголемување на платите, пред крајот на годината или од 1 јануари.
„Никогаш сме немале повеќе пари на сметката, над 700 милијарди динари, имаме рекордни девизни резерви, 27 милијарди евра, имаме 46,5 тони злато во касата на Народната банка на Србија, курсот е стабилен, нашиот јавен долг е под 50 отсто“, рече тој.
Министерот за финансии посочи и дека проектот „Јадарит“ потенцијално може да биде најголемата развојна можност за Србија во децениите што доаѓаат.