Малите трговци од руралните средини ќе се најдат на удар на одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи на 70-тина прехранбени производи до 10 отсто до 31 октомври.

Тоа според Националната земјоделска мрежа ќе го поттикне нивното затворање и иселувањето на руралните жители од населените места со 100-тина луѓе.

Проценките се дека ваквите ограничувања ќе придонесе за затворање на 100 мали продавнички во зафрлените места, а мештаните ќе си заминуваат кога ќе немаат од каде да ги набават основните намирници

– Пример село со 100 жители, ако одат по 30-40 километри да купат тоа што им треба, тоа ќе значи уште поголемо иселување од тие места. Покрај тоа, на продавничка за земјоделски производи работите калираат и губат до 20 отсто од масата, вели Диме Димитријоски од Националната земјоделска мрежа.

 

Извор: Фактор.мк