Соединетите Американски Држави се соочуваат со банкрот поради корупција и прекумерно трошење, изјави шефот на американското Министерство за владина ефикасност, Илон Маск.
-Ако една земја троши премногу, ако не троши паметно, ќе банкротира, исто како и човек. Причината поради која работам овде е затоа што сум многу загрижен дека Америка може да банкротира поради корупција и трошоци. Ако ништо не се преземе, таканаречениот брод „Америка” ќе потоне – рекол милијардерот во интервју за Фокс њуз.
Според него, расипништвото на владата било толку големо што Америка поради тоа губи два трилиони долари годишно.
„Американскиот национален долг порасна толку многу што дури и каматата за него го надминува целиот воен буџет. Порасна неконтролирано“, додаде бизнисменот.
Веднаш по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, властите во земјата започнаа со преглед на големите расходи на државниот буџет.
Според Илон Маск, американското Министерство за владина ефикасност очекува да ги намали трошоците на Вашингтон за два трилиони долари.