До оваа година, маслиновото масло беше најпопуларно во шпанските домаќинства – покриваше 62 отсто од продажбата, а сончогледово околу 34 отсто, покажуваат податоците на шпанското министерство за земјоделство.

„Јасно е дека потрошувачката на маслиново масло во Шпанија опаѓа“, изјави портпаролот на здружението. „Има домаќинства што купувале само маслиново масло, а сега за прв пат купуваат и сончоглед и маслиново масло.

Во првите шест месеци од 2024 година, според Anierac, обемот на продажбата на маслиново масло е намален за 18 отсто, додека продажбата на сончоглед се зголемила за 25 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, според официјалните податоци. Ројтерс наведува дека, според официјалната статистика, едно литарско шише сончогледово масло во просек чини 1,86 евра, а маслиновото масло чини 6 евра или 50 отсто повеќе од 2022 година.

Шпанија е најголемиот светски производител на маслиново масло и покрива околу 40 отсто од испораките, но во последните две години горештините во пролетта и долготрајните суши го намалија производството, па цените се удвоија.