Mastercard“ успеа да ги надмине нејзините очекувања за профит за вториот квартал, но компанијата ја зголеми прогнозата за годишните трошоци со што цената на нејзините акции забележаа пад од 3% пред почетокот на вчерашната трговијата во САД, пренесува „Ројтерс“.
Сега компанијата очекува оперативните трошоци да нараснат со околу 16-18% во текот на годината во споредба со претходната прогноза за околу 14-15%.
Оперативните трошоци на „Mastercard“ пораснале за 23,5% до 1,73 милијарди долари во вториот квартал, што заврши на 30-ти јуни, додека компанијата продолжува да инвестира во безбедност и дигитални производи.
„Mastecard“ која обработува над 65.000 трансакции во минута, тврди дека бруто доларскиот обем се зголеми за 15,3% до 1,48 илјади милијарди долари во кварталот. САД, кој е најголемиот пазар на компанијата, донесе околу 30% од износот.
Волуменот, реализирани зад граница – вредноста на трансакциите направени од корисници на картичките во странство, се зголемиле за 23,6% на база на американскиот долар.
Нето добивката скокнала за 33 отсто до 1,57 милијарди долари, или 1,50 долари по акција, во кварталот, кој заврши на 30-ти јуни.
На приспособена база компанијата има заработено по 1,66 долари по акција, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите за 1.53 долари, посочува „Thomson Reuters I/B/E/S“.
Вкупните приходи се зголемија за 20% до 3,67 милијарди долари, надминувајќи ги очекуваните 3,65 милијарди долари