Со поддршка на Мастеркард, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје се првите локални банки што воведуваат Гугл пеј (Google Pay)овозможувајќи им на имателите на картички да ги искористат предностите на едноставни и безбедни бесконтактни плаќања и складирање на дигитални картички на Android и WearOS уредитеИмателите на картички можат да ги складираат кредитните и дебитните картички на НЛБ банка и Стопанска банка на Гугл воелет (Google Wallet)дигитален паричник и да вршат плаќања секаде каде што бесконтактните плаќања се прифатени.

Покрај платежните картички, имателите на картички преку Google Wallet можат да зачувуваат и да пристапуваат до картички за лојалност и билети за патувања и настани. Користењето на Google Pay ги прави плаќањата посигурни, со повеќе слоеви на безбедност додадени на заштитата што Мастеркард картичката веќе ја обезбедува. Тоа вклучува индустриски стандардизирана токенизација, што значи дека кога се користи за плаќање картичката зачувана во Google Wallet, трансакциите се вршат со помош на бројот на виртуелната картичка (токен). Овој токен е специфичен за уредот и е поврзан со динамичен безбедносен код што се менува со секоја трансакција, обезбедувајќи дополнителен слој на заштита од измами. Воедно, ако телефонскиот уред се изгуби или е украден, може да се користи функцијата „Најди го мојот уред“ за веднаш да се заклучи уредот на далечина, да се заштити со нова лозинка или да се избришат личните податоци.

„Google Pay обезбедува брз, лесен и безбеден начин за корисниците во повеќе од 60 земји и територии да плаќаат користејќи го нивниот телефонски уред Android или уред со Wear OS“, вели Џени Ченг, потпретседател и генерален директор на Google Wallet. „Корисниците можат едноставно да ги додадат своите дебитни и кредитни картички во апликацијата Google Wallet и да бидат уверени дека нивните финансиски информации се безбедни и сигурни кога купуваат или реализираат патувања.“

„Горди сме што сме дигитален партнер на Google кој ја носи оваа безбедност и удобност на дигиталните плаќања за корисниците од Северна Македонија. Во Мастеркард се стремиме кон бизнис зделки само ако тоа носи додадена вредност на крајниот потрошувач“, додава Вања Манова, менаџерка за Мастеркард во Албанија, Бугарија, Северна Македонија и Косово.

 

Комерцијален текст