Претприемачките имаат поголеми шанси за успех на поразвиените пазари, покажуваат резултатите од второто истражување на “Мастеркар индексот ” на женско претприемаштво.
Кога се анализираат општите резултати, индексот покажува дека жените што размислуваат за покренување бизнис и оние што веќе имаат свои компании постигнуваат успеси и покрај родово-културолошките предрасуди, кои претставуваат значајни препреки за деловен напредок.
Индексот ги следи напредокот и достигнувањата на претприемачките и сопственичките на компании на 57 пазари кои се протегаат на пет географски региони – Пацифичкиот Обрач, Европа, Јужна Америка, Блискиот Исток со Африка и Северна Америка.
2. Шведска – 71,3
3. Канада – 70.9
4. САД – 70.8
5. Сингапур – 69.2
6. Португалија – 69,1
7. Австралија – 68,9
8. Белгија – 68.7
9. Филипини – 68,0
10. Обединето Кралство – 67.9
Индексот исто така укажува дека можностите за развој не зависат исклучиво од степенот на економската развиеност на пазарот. Пазарите во развој, како што е Гана (46,4%), заедно со Малави и Нигерија, се еден од трите нови пазари што биле вклучени во истражувањето, Уганда (33,8%) и Виетнам (31,3%) имаат повисок степен на женска сопственичка структура во бизнисот во споредба со развиените пазари. Жените на овие простори стануваат претприемачи од потреба, поттикнати од нагонот за преживување и покрај недостигот на финансиски капитал и пристап до поттикнувачки средства.Удел на жените во сопственичкиот капитал – топ-10 пазари:
1. Гана – 46,4%
2. Русија – 34,6%
3. Уганда – 33,8%
4. Нов Зеланд – 33,0%
5. Австралија – 32,1%
6. Виетнам – 31,3%
7. Полска – 30,3%
8. Шпанија – 29,4%
9. Романија – 28,9%
10. Португалија -28,7%