МБИ10 индексот на Македонска берза конечно е во „зелено“, односно забележа мало зголемување и раст од 0.33%, ова се случи по неколку неделното паѓање на неговата вредност.
МБИ10 индексот денеска стартуваше со 2752,49 поени со што е ставен крај на негативната серија која започна на 5 февруари и во речиси целата измината недела бележеше пад на вредноста.
Пазарната капитализација на десетте најдобро котирани акционерски друштва на Македонска берза кои се дел од МБИ10 индексот сега изнесува 86,3 милијарди денари со коефициент на добивка од 11,29 поени.
Годинава најголема вредност МБИ10 индексот имаше на 2 февруари со 2.841,60 индексни поени за потоа да почне да паѓа за десетина поени секој ден до денес.