Интервенцијата на Левица во Европската комисија носи стотици милиони во Буџетот, велат од политичката партија Левица.
– „Интересна ситуација, во еден ден добивме закон во скратена постапка за реформа на даноци. Во ист ден го добивме на дневен ред, во ист ден го гласаме. Ќе го гласаме затоа што е добар! Но, сега е проблематичен и покажува дека ДПМНЕ нивното Министерство за финансии и премиер, немаат визија и се однесуваат импровизирачки, носејќи ад хок реактивни решенија на приликите, наместо да ги антиципираат како треба да биде.
Би посочиле на тоа дека ДПМНЕ покрај тоа што сега го донесува во последниот момент од 2024 година, во ’93-та минута, тие сепак во предизборието некого лажеа. Лажеа дека ќе намалуваат данок, а сега го зголемуваат! Сега ќе ви кажеме зошто. Затоа што ДПМНЕ првпат има изразена левичарска опозиција која се грижи за тоа што треба да усогласиме со европската легислатива.
“Анти-европската” Левица (која така ја огласувате), ви посочи пред месец дена, дека постои директива во ЕУ, сите членки, и сите аспиранти за зачленување, треба да имаат минимален корпоративен данок од 15% почнувајки од први јануари 2024 година.