Денеска и утре во Струга ќе се одржи „Македонски енергетски форум 2018“. Станува збор за меѓународна конференција од областа на енергетиката на која ќе има говорници од повеќе земји од Европа и САД и на која ќе се говори на разни теми од енергетиката кои се актуелни за Р. Македонија и регионот, но и во светски рамки.
Темите на петте панели се следните: Енергетиката во светот во следните 20 години; Обновливи извори на енергија, микромрежи и складирање на енергија; Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан; Гасификација и разновидност во снабдувањето со природен гас; Енергетска политика во Република Македонија – патоказ.
Конференцијата „Македонски енергетски форум 2018“ ќе ја отворат претседателот на Владата, Зоран Заев, и амбасадорот на САД во Р. Македонија, Џес Бејли.
Настанот е во организација на АД ЕЛЕМ, Владата, Амбасадата на САД и институт ЗИП.
извор: Makfax