Меѓународниот монетарен фонд е оптимистичен во поглед на глобалниот економскиот раст, но предупредува на можноста од собирање на темни облаци доколку се продолжи со намалувањето на финансирањето и растот на каматите, изјави челничката на оваа организација Кристин Лагард, пренесува Ројтерс.
Кристин во говорот во Хонг Конг подвлече дека за глобалната економија најважно е да се спречи протекционизмот и да се обезбеди долгорочен раст.
„Историјата не учи дека органичувањата на увозот им штетат на сите, особено на сиромашните корисници“, изјави Лагард фокусирајќи се на трговската војна меѓу САД и Кина.
Според неа, доколку се прекршуваат правилата на Светската трговска организација може да дојде до пропаст на колективното правило и долгорочни последици.