Краткорочните надоместоци на  менаџерски персонал на НЛБ Нов пензиски фонд во минатата година изнесувале 16.553.000 денари или околу 270.000 евра, а долгорочните надомести изнесувале 2.086.000 денари или околу 33.000 евра, покажува финансискиот извештај на компанијата.

 

Вкупните надомести на членовите на Надзорниот одбор, кои не се вработени во друштвото лани изнесувале 145.000 денари, што е намалување во однос на претходната година кога за оваа намена биле издвоени 204.000 денари.