(Време за читање 7 минути)

 

Тргувањето со Криптовалутите станува се повеќе и повеќе популарно овие денови. Полека, но стабилно биткоинот и алткоининте добиваат се повеќе и повеќе внимание низ целиот свет. Некои луѓе дури ги обезбедуваат своите криптовалути како нивни пензиски фондови,  додека некои прават шпекулации со краткорочно тргување (купување на ниско ниво, продавање на високо ниво). Секој ден нови луѓе сакаат да се вклучат во криптовалутите. Тие бараат одговор на прашањето каде може да купат криптовалути, кои се најдобрите крипто менивачници. Во претходните две статии ви кажав за 2 типа на менувачници на криптовалути каде што можете да купите и продадете. Децентрализирана и централизирана крипто-менувачница. Ги објаснав  некои од предностите и слабостите на двете. Денес ќе ви кажам за најпрофитабилните и најбезбедните централизирани крипто менувачници.

 

 

Немојте да бидете изненадени од тоа што различни менувачници нудат различни стапки. Затоа, секогаш  мора да ги погледнете условите кои што ги нудат менувачниците пред да се одлучите за одредена менувачница. Бидејќи постои  голема разлика во вашата инвестиција, особено ако сакате да тргувате секој ден. Од падот на (Mt. Gox) како најголема менувачница, многу трговци станаа претпазливи за менувачниците, бидејќи не се сигурни колку се реномирани и дали нивните пари се безбедни . За оваа статија избрав 8 од најголемите менувачници. Немој да ми замерите ако пропуштам неколку од нив. Па, да ги погледнеме осумте најдобри менувачници:

 

 

  • CEX.IO
  • Binance
  • Coinbase
  • Poloniex
  • Kraken
  • KuCoin
  • Bitfinex
  • Bittrex

 

 

  • IO

 

CEX.IO е регистрирана во Велика Британија, е доста безбедна и се смета за една од најдобрите  Биткоин платформи во светот. CEX.IO корисниците имаат висок степен на доверба  во компанијата. Оваа платформа ви овозможува лесно да тргувате со (fiat) девизни валути и со криптовалути. Платформата, исто така, нуди персонализирана и лесна табла за тргување, и тргување со маргини  за професионални трговци. CEX.IO нуди брокерска услуга за неискусни трговци за купување биткоини на многу едноставен начин според пазарната цена. Се што треба да направите е да отидете на главната страница и да си отворите сметка.  CEX.IO бара дополнителни форми на идентификација за да ја потврди сметката. Таа е исто така една од првите менувачници кои прифаќаат и картички (кредитни и дебитни). Поддржува инстант купување и продавање на Bitcoin , Ethereum , Litecoin и прифаќа повеќе девизни валути како (USD , EUR, RUB). Оваа платформа има над 600.000 активни трговци.

 

 

  • Binance

 

Binance се наоѓа надвор од Кина. Таа е со седиште во Хонг Конг со канцеларии во Јапонија. На 23 март Binance објави дека ќе се преселат во Малта. Таа се наоѓа во првите 10 крипто-менувачници во светот. Има повеќе од  140 алткоини, чиј број постојано се зголемува. За да започнете да тргувате  со Binance, треба да се регистрирате со помош на вашата e-mail адреса, а процесот е многу едноставен и брз. Binance е една од ретките менувачници, која нуди мобилна апликација за iOS и Android. Binance може да процесира  околу 1.400.400 нарачки во секунда, што ја прави една од најбрзите менувачници на пазарот денес. Тие имаат поддршка на англиски, шпански, јапонски, корејски јазик.

 

 

  • Coinbase

 

Coinbase е една од најпопуларните платформи за размена до ден денес и најреномирана. Многу лесно и сигурно може да се купи, да се користи, да се чува и да се тргува со дигиталната валута. Таа се наоѓа во Сан Франциско (САД). Оваа менувачница  ви овозможува да разменувате валути како Bitcoin , Ethereum и неодамна Litecoin. Оваа менувачница исто така имаа и дигитален паричник кој е достапен на iPhone и Android . Изборот на разменливи валути, зависи од земјата во која живеете. Coinbase овозможува трансакции во САД, Европа, Велика Британија, Канада, Австралија и Сингапур. Начинот на плаќање е исто така ограничен на банкарски трансфери, кредитни / дебитни картички и PayPal. За да започнете се што треба да направите е да регистрирате сметка.

 

 

  • Poloniex

 

Poloniex се наоѓа во Делавер (САД). Poloniex нуди безбедна трговска средина со повеќе од 100 различни алткоини и напредни функции за професионални инвеститори. Со Poloniex нема поддршка за девизни валути, банкарски трансфери или трансакции со кредитни картички. Депонирањето мора да се направи во криптовалути. Откако ќе ги депонирате вашите средства, постои опција за зачувување на вредноста во USDT (Tether), тоа е криптовалута слична како и американскиот долар USD (пр: 1 USDT е еднаков на 1USD). Poloniex има доста ниски надоместоци. Единствена слабост на Poloniex е безбедноста и поддршката аа корисниците. Затоа, не чувајте големи суми во оваа менувачница. Секогаш користете ладен паричник за складирање.

 

 

  • Kraken

 

Kraken  е најголемата биткоин менивачница во обем и ликвидност на еврото, која исто така тргува со канадски долари, американски долари, британски фунти и јапонски јен. Исто така се наоѓа во Сан Франциско (САД). Таа е оценета како една од најконзистентни и најсигурни Биткоин менувачници. Kraken исто така овозможува тргување со дигитални валути, како што се Ethereum , Monero , Litecoin , Zcahs и многу повеќе. Kraken се стреми кон поискусни трговци каде им нуди и маргина за трување и други понапредни функции. Kraken има доста пристојни девизни курсеви, ниски трансакциски трошоци, како и минимални депозитни такси. Методите за плаќање се многу ограничени. За да отворите основна сметка и започнете со тргување, треба да се пријавите на нивната главна страница каде што ги бара вашите лични податоци, како што е лична карта и доказ за место за живеење.

 

 

  • KuCoin

 

KuCoin е релативно нова размена која е со седиште во Хонг Конг. Иако е нова, тимот KuCoin веќе се докажа како сигурна менувачница. Регистрирањето на KuCoin е многу едноставно. Треба да одите на нивната страница и да направите сметка. KuCoin има многу модерен дизајн на веб-страницата и можете да тргувате со Bitcoin и многу други алткоини. Во моментов KuCoin не прифаќа девизни валути, само крипто. KuCoin, исто така, нуди многу ниски трошоци за тргување и повлекување. Нема такси за депозит, а таксите за тргување се само 0.01% врз основа на валутите што ги купувате. Некои од клучните карактеристики кои ги има KuCoin се:  Ефикасна услуга на клиентите достапна 24/7, стабилност на финансискиот систем, финансиска сигурност, брза обработка и уште неколку.

 

 

  • Bitfinex

 

Bitfinex е уште една од најголемите и најпознатите крипто менувачници. Таа е со седиште надвор од Хонг Конг, работи од 2014 година прифаќа Bitcoin и други алткоини како Ethereum, Zcash , Monero ,Litecoin . Овде можете да тргувате и со USD (со такса од најмалку 20 долари). Исто така, кога ќе депонирате и повлечете средства, се наплаќа одреден надоместок. За да започнете со Bitfinex , треба да се регистрирате,  да ја потврдите личната карта и да се идентификувате себе си. Обично се потребни 15-20 работни дена по поднесувањето на валиден доказ за идентификација пред да бидете прифатени на платформата. На 12 Јануари 2018 за регистрација Bitfinex постави лимит до 10.000 $ или еквивалентна сума на крипто валути да се депонира. Bitfinex исто така има Android и iOS мобилни апликации.

 

 

  • Bittrex

 

Bittrex се наоѓа во САД  и ви дава можност да тргувате со повеќе од 190 криптовалути. Сите тие се добро регулирани и во согласност со правилата на САД, така што корисниците не треба да се грижат за безбедноста на нивните средства. Bittrex се справува со една од најголемите биткоин трговски количини од сите берзи во светот. За да започнете со тргување со Bittrex , треба да се регистрирате и да се најавите преку вашата e-mail, но за да ги подигнете средствата, треба да ги доставите вашите документи за лична идентификација и телефонски број. Верификацијата е многу брза. Bittrex , не поддржува девизни валути, поддржува само криптовалути. Bittrex поддржува два вида на сметки:  Oсновна – каде што можете да повлечете до 3 биткоини на ден. Напредна – каде што можете да повлечете до 100 биткоини дневно.

 

 

 

Ова е мојот избор на најдобрите 8 менувачници каде што можете да тргувате. Еве уште неколку крипто менувачници кои заслужуваат да бидат споменати:

 

 

Cryptopia, Bitstamp, Coinmama, Cryptsy , Gate.Io, Coinseeter. Во оваа статија сакав да ви дадам краток опис на врвните 8 менувачници.

 

 

Ако имате какви било прашања во врска со овие менувачници, или сакате да дознаете повеќе за одредена менувачница, секогаш можете да ме контактирате, ќе ви објаснам со задоволство. Без оглед која менувачница ќе ја изберете, секогаш бидете безбедни. Не ги ставајте сите ваши средства во менувачницата. Тргувајте со одреден износ.

 

 

Ако ви се допадна оваа статија, не заборавајте да ја споделите со светот!

 

Ви благодарам што читавте

 

Следете ме на Фејсбук                  http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте се на мојот блог  http://darkoonlinetips.blogspot.com/