Претставниците на „Меркатор“ вчера потпишаа договор за преземање на 100 отсто од уделот во „Енгротуш“  која управува со синџирот на маркети „Туш“.

Меркатор“ потпиша договор за купување на 100 отсто од уделот во словенечкиот „Енгротуш“. Со потпишување на договор покрената е постапка за добивање на согласност од Агенцијата за пазарна конкуренција на Република Словенија, соопштуваат од групацијата „Фортенова“, пренесува „Јутарњи лист“.

 

„Меркатор“ е во сопственост на хрватската групација „Фортенова“, чиј член на одборот и главен извршен директор Фабрис Перушко рече дека со преземањето на „Енгротуш“, тие ја потврдуваат својата позиција како најголема регионална малопродажна мрежа и ги исполнуваат обврските што ги презеле при интегрирањето на „Меркатор“ во 2021 година.

Потпишавме договор за купопродажба на 100 отсто од акциите во компанијата „Енгротуш“ д.о.о., без дрогеријата „Туш“ која е во процес на издвојување. По неколкумесечни преговори, се одлучивме за купувач кој според нас е најдобриот избор за вработените, деловните партнери и развојот на основната дејност на компанијата. Сметаме дека оваа интеграција ќе има позитивни ефекти за словенечката економија, изјави Андраж Туш во име на компанијата „Туш холдинг“ и „АХ Инвест 1“.