Годинава градинарите имаат право на субвенции по повеќе основи. Финансиската поддршка следува за производството на отворено, во пластеници и во оранжерии, како и за предадениот зеленчук во домашните преработувачки капацитети …
Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари имаат право на финансиска поддршка за сите култури што ги одгледуваат.
За домати, пипер, краставици, корнишони, зелка, грав, компир и морков субвенцијата изнесува 30.000 денари по хектар, а за лубеница, диња, модар патлиџан, кромид, боранија, грашок, зелена салата и спанаќ е 12.000 денари.
Дополнително и за произведени и предадени на регистриран откупувач, на преработувачки капацитет, за домашни потреби или продадено на пазар за домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир субвенцијата е 20.000 денари.
Висината на поддршката за пиперки, домати и краставици од 120.000 денари по хектар е за производството во контролирани услови и продадено на пазар или извезено од 1 јануари до 15 мај оваа година.
За зеленчукот предаден во конзервната индустрија од 26 декември 24 до 25 декември 2025 година, се добива по 3 денари, а за куртовската капија по 5 денари за килограм за предадените количества од мај до јуни и ноември-декември годинава.