- Вредноста на биткоинот и другите големи криптовалути се намали за 1.300 милијарди долари како последица на тарифите што Доналд Трамп му ги воведе на светот.
- Биткоинот падна под 75.000 долари, повеќе од 15% во споредба со вредноста пред една недела. Етереум, XRP и доџкоинот изгубија уште повисок процент од вредноста.
- „Биткоинот неодамна падна под нивото на поддршка од околу 80.000 долари, на кое се одржуваше во изминатиот месец. Само промена во ставовите на Трамп или итна интервенција на Федералните резерви може да го вратат на тоа ниво“, вели Чарли Шери, шеф за финаниски и крипто анализи на „БТЦ маркетс“.
- Вредноста на биткоинот се приближува до 70.000 долари колку што беше на 5 ноември, денот на изборите во САД. Точно еден месец по победата на Доналд Трамп, ја надмина границата од 100.000 долари, како израз на доверба во најавата на Трамп дека САД ќе купуваат биткоини и ќе ги чуваат како државна резерва.