Минатонеделни победници за тргување на Македонската Берза се Метропол АД Охрид, Топлификација АД Скопје и Тиквеш АД Скопје со раст на цените од 10 %, 9,99 % и 8,08 % респективно.
Овој раст на цената беше проследен и со солидни движења во волументо на истргувани акции пред затварањето во петокот.
Ваквиот раст на цените е логичен и реален според мислењето на редакцијата на БанкоМетар.мк со оглед на солидните резултати од работењето како и оптимистичките очекувања од страна на инвеститорите за идните акции, операции и очекувани резултати за наредниот период на овие македонски компании.
Имено, Метропол А.Д. Охрид годината ја заврши со солиден резултат од работењето и со профит за годината, исто така, дознаваме за нови лукративни и ексклузивни договори за соработка со странски тур оператори во идниот период.
Топлификација А.Д. Скопје, со почетокот на грејната сезона, очекува раст на параметрите со оглед на движењата на цените и побаруачката за топлински фактор кај домаќинствата.
Очекувањата кај Тиквеш АД Скопје се исто така високи со оглед на добрата сезона и богатиот род како и информациите за унапредување на технолошкиот процес и изгледите за нови пазари каде новите квалитетни македонски вина ќе се трудат да се пробиваат во наредниот период.
Согласно нашето мислење, овој раст е реален и очекуван и е за поздравување, но исто така е индикатор за наредните позитивни и оптимистички очекувања за пазарната коњуктура во Македонија.
Наум Димитровски