Од оваа есен фирмите ќе можат да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ). Предлог-законот за гаранција на РМ на обврските по овој финансиски договор влезе во собраниска процедура. Откако ќе биде усвоен ќе следи потпишување на финансискиот договор за гаранција, по што фирмите ќе може да аплицираат во комерцијалните банки.
– Проектот има за цел обезбедување свеж капитал за малите и средни претпријатија во насока на поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз, образложи Тевдовски.