Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал трипати поскапа струја, за 250 евра иако цената била 70 евМицкоски нема познавања од енергетиката, зборува невистини, по логиката што очигледно тој ја применувал, вели СДС

Како директор на ЕЛЕМ Мицкоски е тој во чиј мандат АД ЕСМ купуваше електрична енергија по три пати поголема цена, за 250eвра/мвч, во време кога струјата се продаваше по 70евра/мвч. Без никаква енергетска криза.

Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, а потоа и советник на Груевски, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква енергетска криза.

Тој лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач.