Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, при посета на Општина Брвеница, информираше дека во државата „има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување“. Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголеми до крајот на годината.
„Да, да тоа е исто така убава, добра вест. Имаме една нова инвестиција којашто е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме, ова е инвестиција на компанијата „Бреjнчаjлд“. Вредноста е некаде околу осум и пол милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 квадратни метри. Така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште, уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината“, рече Мицкоски.