Оваа есенска кошничка е таргетирана и е резултат на анкета којашто е правена со граѓаните, кои се производите коишто во оваа есен се нај користени од страна на граѓаните, исто таква анкета ќе има и предновогодишна ќе има таква и пролетна, така што нашата цел како Влада којашто се грижи за граѓаните е производите коишто се најупотребувани на страна на граѓаните да бидат опфатени со оваа мерка, вели премиерот Христина Мицкоски.
-Нормално ние немаме намера да ја ограничуваме маржата на перки од китови или кавијар не знам каков којшто доаѓа од не знам каде, бидејќи мал е бројот на граѓани коишто тоа го користат, тие претпоставувам се во редовите на СДСМ и ДУИ, но сите останати се борат како да го поминат месецот од први до први и ние се фокусираме на тој тип на производи. И така и ќе биде и во периодот којшто следи, истакна претседателот на Владата, Мицкоски.