Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот кај Лазаров рече дека проблемот со иселувањето на младите постои но и дека се обидува да го реши. Тој понуди вработување на неколку профили млади но оти е тешко да се најде квалитетен кадар.
„Во моментов јас сакам да најдам 100 архитекти кои веднаш би влегле во државната администрација.Партиската определба е небитна. 100 луѓе нека се пријават и нека донесат CV ќе бидат вработени во јавната администрација. Нека се пријават и 100 градежни инжинери, 100 машински и ајти. Веднаш ќе врaботиме 1000 луѓе и не треба да одат никаде, но нема“, објасни премиерот.