Состојбата со државната каса е во катастрофална состојба, како тајфун да поминал и да ја опустошил државата, одговори премиерот на прашање поврзано со покачување на минималецот. Средба со синдикатите е извесна – Мицкоски вели дека ќе ги повика синдикатите и работодавачите на средба самите да оценат дали има можност за зголемување на минималецот. Ако се утврди дека нема, тогаш вели тој ќе се бара решение како да се постигне.
„Каков е буџетот во моментов, прашање е како ќе се исплаќаат сегашните обврски. Тајфун поминал низ државата во изминатите седум години, и целосно е уништена. Се надевам дека во скоро време ќе седнеме со синдикатите и да им ги покажеме бројките, а бројките се катастрофални. Ако ви кажам дека недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите, настрана ова кое претставува зголемување дополнително, може да разберете за што станува збор. Но, ќе се бориме сето тоа да го реализираме, се надевам дека во првите 100 дена ќе седнеме со синдикатите и да разговараме и да ги покажеме бројките – изјави Мицкоски.