Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, оствари средба со Антје Ванделт, директорката на АХК Македонија.
АХК Македонија е дел од мрежата на 150 германски комори во 93 земји ширум светот, која веќе 24 години ги следи потребите и предизвиците на стопанството во земјата. На средбата, се говореше за интересот на германските компании за Македонија, за актуелните предизвици со кои се соочуваат германските и локалните компании, како што се достапноста и едукацијата на квалификувани работници, можности за младите луѓе за водење на квалитетен живот и перспективи за изградба на кариера во татковината.
Ванделт го информираше Мицкоски за претстојните проекти кои ќе ги реализира АХК Македонија, како делегациската посета од страна на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија. Посета на земјата од страна на германски компании на тема декарбонизација во индустријата, како и делегациско патување на тема обновливи извори на енергија.
Премиерот Мицкоски го истакна големиот интерес на Владата за проширување на економската соработка со Германија, најважниот трговски партнер на Македонија и важен инвеститор во индустрискиот сектор.
Воедно Мицкоски истака дека Владата сака и во иднина да ја продолжи тесната соработка со АХК Македонија.