44.940 работници во реалниот сектор добиле зголемена плата, односно за нив била искористена мерката за субвенционирање на придонесите.

Ова субвенционирање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување за зголемена плата од 600 до 6.000 денари го оцени како позитивно министерката за труд и социјална банка Мила Царовска по еден месец од воведувањето на мерката.

– Просечното зголемување на платите кај овие овие 44.940 била 4.100 денари. Во реалниот сектор има 490 илјади работници, така што овде зборуваме за зголемување на платите кај 9 отсто од нив, рече Царовска.

Таа очекува дека до февруари бројката на работници кај кои е зголемена платата да се искачи на 20 проценти од вкупно вработените во бизнис-секторот.

422 работодавачи во УЈП за октомври пријавиле зголемување на платите за своите работници за 6.580 куца користеле субвенции од 6,474 милиони денари. 7.613 работодавачи искористиле субвенции од 77,5 милиони денари за месец ноември за 44.940 работници.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, рече дека одобрувањето на субвенциите било мошне едноставно за работодавачите преку поднесувањето на МПИ-образецот.

– За месец октомври просечната плата во земјата е зголемена на 25.726 нето, а за месец ноември со оваа субвенција ќе има видно покачување, додаде Царовска.