Како што соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи за Слободен печат, минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.
Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5 отсто последната инфлација, последниот месец, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Тој рече и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само 1 процент, што укажува на минимална промена. На едно четиричлено семејство за основни трошоци му требаат над 46.000 денари.
Синдикалната минимална кошница за октомври изнесувала 46.198 денари.