Синдикатот останува на барањето минималната плата да биде 450 евра. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија вели дека веднаш е потребен раст на минималната плата, доколку тоа не се случу како што вели Македонија ќе остане како црна точка на картата на балканот со најниски плати и доколку сакаме да го спречиме иселувањето на младите потребно е платите да растат со забрзано темпо.
„Сојузот на синдикатите на Македонија е конзистентен во неговите ставови односно во неговите барања кон власта кон работодавачите односно тие се наши социјални партнери со кои седнуваме на маса договараме преговараме па се разбира доколку не успееме некое заендничко прифатливо решение ние како синдикати имаме и други механизми на располагање.“ – Слободан Трендафилов претседател на Сојуз на синдикати на Македонија.
Бизнисот вели дека такво зголемување на минималната плата не е прифатливо. Нивното образложение е дека малите бизниси и занаетчиите немаат толкав промет за да исплатат минималец од 450 евра.
„Не сакаме да се случи одреден број на компании поради линеарното зголемување наместо да ги поттикнат работниците де ги потикнат да бидат лојални во компаниите да ги одјават па тие да работат на црно бидејќи и тоа може да се случи а за да не бидам конфузен пред се велам нивото на зголемување на минималната плата е опасно кај микро малите и занаетчиите за останатиот дел од копаниите тие можат да го поднесат.“ – Миле Бошков Бизнис конфедерација.
Последните пресметки на властите се дека во март минималната плата ќе се зголеми на 400 евра. Во Македонија околу 25,000 работници заработуваат месечно една минимална плата од 22 567 денари.