Според актуелните движења на параметрите со кои се формира минималната плата, таа следниот март во 2025 година се очекува да скокне од 22.500 на 24.400 денари, односно за нешто помалку од две илјади денари.

Сепак во Собранието е доставен и предлог закон со кој опозициската СДСМ предлага минималната плата да биде покачена на 450 евра, нешто што всушност го бараа и синдикатите.