Од следната година се очекува нов раст на минималната плата, која се очекува да биде над 23.000 денари, со ова се очекува да продолжи растот на сите плати, а значително ќе скокне и просекот, пишува магазинот специјализиран за економија и бизнис, Biznispro.com.
Минималната плата која во 2012 беше 8050 денари, а во 2016 изнесуваше нешто над 10.000 денари, денес изнесува над 20.175 денари, а од следната таа ќе биде над 23.000 денари.
На зголемувањата на минималната плата се противеше дел од бизнис секторот, но и опозицијата.
Минималната плата во 2024 ќе се доближи до просечната плата во 2016 година, најави во март оваа година, министерот за економија Бектеши,
– Минималната плата годинава, поточно на почетокот на следната година, ќе се покачи на просекот што го имавме во 2016 година, а ова уште еднаш покажува дека ова Владата е посветена на пораст на платите и во јавниот и во приватниот сектор. Само за информација за граѓаните, во 2016 година просечната плата беше некаде околу 23 илјади денари, а денес е над 34 илјади денари, а како што претходно истакнавме, успеавме да се доближиме до просечната плата од 2016 година – изјави зимоска, Министерот во емисијата „10 минути“ на ТВ21.