Од организацијата на работодавачи тврдат дека шест месеци по покачувањето  на износот на минимална плата од 10.000 на 12.000 денари, неколку кожарски компании веќе ставиле клуч на врата. Ова како што велат тие е  резултат на незаинтересираноста на државата за проблемите со кои се соочува бизнис секторот, и истакнуваат дека  иако била ветена финансиска помош на трудоинтензивните гранки, истата никогаш не била исплатена пишува телевизија Стар.

Имено, претседателот на организацијата на работодавачи Ангел Димитров,изјави дека владата ги убедувала дека покачувањето на трошоците ќе го компензира со одредена финансиска помош која е предвидена во буџетот  за 2018 година но жал како што кажува Ангелов тоа не се остварило.

 

Исто така изостанало и ветувањето да се компензира дел од порастот на бруто платите на работниците:

 

-Работници кои имаат плата од 12-18 000 илјади , за секторите кои се трудоинтензивни најдовме критериуми кои се трудоинтензивни – онаму каде платите на работниците учествуваат повеќе од 50 % од вкупните расходи на фирмата, ги исклучивме големите компании и компаниите кои се монополи и на тој начин ќе беа опфатени само околу 50 до 60 илјади работници во Македонија но за жал од владата немаме позитивен одговор рече Димитров.

 

Според Организацијата на работодавачи од предвидените 6 милиони  евра за поддршка на компаниите за воведување на повисока минимална плата, потрошени се одвај 600.000 илјади евра.

 

Желбата тоа да се поедностави преку автомаптска пресметка на МПИ податоците предизвика одредени непредвидени работи. Работниците кои немале работни часови во јануари, февруари и март, беа исклучени, исто како и нововработените работници, појасни Димитров.

 

Концептот на минимална плата во Македонија е воведен во јануари 2012 , каде  нискодоходовните компании имаа период на прилагодување. Од септември минатата година со измените во законот , платата се зголеми на 12.000 денари и тоа во сите гранки.

 

Со вакви измени ова  во текстилната и кожарската индустрија значеше покачување на платата за околу 25 %, нешто на што работодавачите реагираа уште во стартот.