Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година ќе изнесува 22,146 денари во бруто износ, или 15,194 денари во нето износ.

Претходно минималецот изнесуваше 14.934 денари, па ова зголемување во бројка е 260 денари.

Усогласувањето на платата се врши врз основа на законски предвидените параметри:

– една третина од порастот на просечно исплатената плата во Македонија,

– една третина од порастот на индексот на трошоците на живот, како и

– една третина од реалниот пораст на БДП.