Најмногу, односно 21.480 денари од буџетот се издвоени за храна и пијалаци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2.455 денари…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти ССМ. Најмногу, односно 21.480 денари од буџетот се издвоени за храна и пијалаци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2.455 денари.

Според синдикатот, мерките за ограничување на маржите на трговците имаат половичен ефект. Бараат зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и дополнително зголемување на сите преостанати плати за најмалку 100 евра.