Министерството за финансии излезе со објаснување за тоа како направи заштеди од 32 отсто на потрошувачката на електрична енергија во септември во однос на истиот месец во 2021 година.

Затоа Министерството за финансии, како и остнатите институции, спроведе мерки што не го нарушуваат процесот на работа и безбедните услови за работа, а при тоа се обезбеди заштеда од 32 %. За тоа имаат придонес и вработените со своето одговорно однесување.

Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветени за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци“, најавува министерството.

Од таму додаваат дека при превземените мерки се исклучувале компјутерите кога не се работело на нив, а биле инсталирани и сензори за гаснење на светлото.

Изгаснете ги сијалиците кога за тоа нема потреба, тоа ние го направивме во септември, искористете ја дневната светлина, тоа штеди и на осветлување и на загревање на просторијата, компјутерот исклучете го кога не ви треба, тоа исто го направија нашите вработени. Во хондиците светлата се вклучуваат на сензор и се осветелени само кога е тоа неопходно. Тоа се мерките што не донесоа до 32 % пониска потрошувачка. Да продолжиме и да се обидеме сите да дадеме придонес кон надминување на оваа криза со најмалку последици за сите нас. Електричната енергија е добро што на сите ни е потребно, се вели во соопштението.