Министерството за економија го  објави Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата во 2018-та година.

 

 

Според огласот, граѓаните може да добијат субвенции до 50% од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство.

 

 

Право на аплицирање имаат оние кои ќе купат и вградат прозорци по денот на објавување на огласот до 31 август годинава.

 

 

 

Целиот оглас може да го видите на следниов линк.