Министерството за финансии за утре има закажано аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.380.000.000 денари или 22,4 милиони евра. Имено, за утре е закажана аукција на 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 330.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.050.000.000 денари.

Владата константно се задолжува без конкретни проекти што е загрижувачки и опасно велат експертите. Така само во месец мај владата ја задолжи земјата за 25 милиони евра. Долгот константно расте.

 

Исто така загрижувачки е фактот што  во фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е огромен.  До 2021 година според оваа фискална стратегија ќе се зголеми  јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра.

Според извештајот на Министерството за финансии реализацијата  на капиталните инвестиции за првите 4 месеци од годината е под 11 % што е поразително. Експертите предупредуваат дека со вакво темпо на реализација на капитални инвестиции можно е да не се постигне проектираниот БДП за 2018. Инаку лани Македонија имаше БДП од 0% додека целокупниот регион и Европа доживеа економски бум. Реализацијата на капиталните инвестиции е тесно поврзана со градежништвото кое пак е двигател на економијата и учесник во градењето на БДП. Според познавачите падот на градежништвото е директно поврзан со слабата реализација на капитални инвестиции и тоа ја става Македонија пред опасен пат на економски план. Додатно задолжувања без никакви стратешки резултати и проекти е опасно и ја води Македонија кон пропаст согласна е целокупната експертска јавност.