БРИСЕЛ (Ројтерс) – Министрите од земјите на Европската унија во вторникот го одобрија договорот за слободна трговија со Виетнам, кој ќе ги намали тарифите за 99% на стоките во период од 10 години.
Блокот се надева дека договорот, прв од ваков вид со земја во развој од Азија и втор со член на регионалното здружение АСЕАН, ќе биде отскочна штица кон поширокиот трговски договор на ЕУ и Југоисточна Азија. Тој исто така ги опфаќа и инвестициите.
Договорот ЕУ-Сингапур ќе стапи на сила подоцна оваа година.
Двете страни ќе го потпишат договорот во Ханој оваа недела, три и пол години по завршувањето на преговорите. Сеуште ќе биде потребно одобрение од Европскиот парламент, што не е дадено бидејќи некои пратеници се загрижени за извештајот за човековите права на Виетнам.
Виетнам, кој во моментов има корист од преференцијален пристап до пазарите на ЕУ во рамките на шемата на блокот за земјите во развој, ќе обезбеди квоти за земјоделски производи, како што се оризот, лукот и шеќерот.
За извозот на ЕУ, договорот на крајот ќе ги елиминира многу високите виетнамски увозни давачки, како што се 78% за автомобили и 50% за виното.
Договорот, исто така, ќе ги отвори пазарите за јавни набавки и услуги, како на пример за банкарски и поморски сектор.
Комисијата проценува дека договорот ќе го зголеми извозот на ЕУ во Виетнам за 29 отсто, а оние од Виетнам во Европа за 18 отсто.
ЕУ веќе има трговски договори со Јужна Кореја, Јапонија и Сингапур, и започна преговори со другите членки на АСЕАН Индонезија, Малезија, Филипини и Тајланд.