Министрите во Владата кои денеска во голем број беа на прес конференција за измените и дополнувањата за закони поврзани со реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 – д не одговорија на новинарско прашање колку им се зголемени платите.
„Во однос на платите нема ништо незаконски, туку се однесува на неуставна одлука која што е донесена во 2011 година за замрзнување на коефициентот. Добро е што Уставниот суд не донесе одлука да важи ретроактивно што би значело дополнителни 12 години“, рече првиот потпретседател на Владата Артан Груби.
Министерот за финансии Фатмир Бесими дополни дека станува збор за 1.600 функционери.
„Законот опфаќа судии, обвинители, градоначалници, советници на општините, директори… Многу широк опфат“, рече Бесими.